All for Joomla All for Webmasters

Секој петок ден за средба на граѓаните со градоначалникот на општина Бутел

Велимир Смилевски

Граѓаните на Општина Бутел кои сакаат да остварат средба со градоначалникот на општината во рамки на приемниот ден кој се организира секој петок, најпрво треба да достават барање до архивата на општината, а потоа од општината ќе ги информираат граѓаните во кој период да дојдат за да ја остварат средбата со градоначалникот на која може да ги дадат своите предлози, идеи и проблеми со кои се соочуваат.

 

Покрај средбите и контактите со граѓаните што градоначалникот на општина Бутел повремено ги остварува на терен, секој петок во општината се организира и приемен ден на граѓаните на кој тие можат своите идеи, предлози или проблеми со кои се соочуваат да ги претстават пред градоначалникот на општината, Велимир Смилевски, со цел што побрзо да се најде решение за истите. За да можат граѓаните да остварат средба со градоначалникот во рамки на приемниот ден, кој се организира секој петок, најпрво треба да достават барање до архивата со кусо образложение за средбата. Потоа од кабинетот на градоначалникот се прави распоред и се известуваат граѓаните во кој термин да дојдат за да ја остварат средбата со градоначалникот. Исто така прашање до градоначалникот може да се достави и преку веб страната на Општина Бутел во делот градоначалник, а градоначалникот ќе се обиде во рок од 24 часа на истото да ви одговори.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.