Изложба на србинката Наташа Радосављевиќ во Општина Бутел

Изложба на Наташа Радосављевиќ

Од денеска до 20 јуни во холот на Општина бутел ќе биде отворена изложба на српската уметница и поетеса Наташа Радосављевиќ. На изложбата изложени се 15 слики, кои истите се ставени и на продажба поради големиот интетрес од граѓаните кои сакале да купат од изложените слики.

 

15 слики насликани од уметницата и поетеса Наташа Радосављевиќ од Белград од денеска се изложени на ликовната изложба во холот на Општина Бутел. Ликовните дела кои жителите на Општина Бутел ќе имаат можност да ги видат се насликани во техниката масло на платно. Присутните на отворањето на изложбата веднаш изразија желба за да купат некоја од сликите на Наташа, па така и самата метница најави дека сликите ќе бидат понудени за продажба. Наташа Радосављевиќ подеднакво е посветена и на сликањето и на пишувањето поезија.


Српска сликарка и поетеса за првпат учествува на осмата ликовна колонија ,,Љубанци 2018,, што се одржува по осми пат во живописното Љубанци. Изложбата ја отвори градоначалникот на Општина Бутел Велимир Смилевски, кој рече дека Општина Бутел е единствената општина која организира една ваква изложба и оваа промоција многу значаи за општината.


Изложбата во Општина Бутел ќе биде отворена се додека трае и Ликовната колонија ,,Љубанци 2018,,, односно до 20-ти јуни. Наташа заедно со сликарот Новица Трајковски имале заеднички изложби во Берово и радовиш. Инаку, Наташа имала 16 самостојни и повеќе колективни изложби, а има објавено и три книги поезија.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.