Признанија за најдобрите ученици на државно ниво, од општина Бутел

Општина Бутел

40 ученици од основните училишта во општина Бутел кои во учебната 2017-2018 година постигнале значајни резултати на државните натпреварувања, денеска добија пофалници и училишен прибор од градоначалникот на општината.

 

Градоначалникот на општина Бутел, Велимир Смилевски денеска им додели признанија на најуспешните ученици од основните училишта во Општината кои имаат освоено први, втори и трети места на државните натпревари во учебната 2017/2018 година.


Станува збор за 40 ученици кои имаат освоено прво место во натпреварите по: германски и англиски јазик, физика, географија, природни науки, спортска гимнастика и сообраќај.


Второ место во натпреварите по: македонски јазик, природни науки, географија со архитектура, биологија, англиски јазик, геграфија, во пливање ( две втори места), и во футсал, како и трето место во државните натпревари по: физика, хемија, биологија, работа со компјутери и природни науки.


Градоначалникот Смилевски на учениците им додели пофалници за постигнатите резултати на државните натпревари, како и пригодни подароци, односно комплети училишен прибор.


Исто така, нивните 15 ментори добија благодарници за нивното несебично залагање во подготовките на учениците за државните натпревари и постигнатите големи успеси.


Пофалници добијат и основните училишта: Панајот Гиновски, Живко Брајковски, Петар Здравковски Пенко, Св. Климент Охридски и Ацо Шопов, кое доби посебна благодарница затоа што има најмногу ученици со освоени награди на годинешниве државни натпревари во Република Македонија.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.