Прв фестивал на лубеница се одржа во Општина Бутел

За прв пат во Општина Бутел се одржа фестивал на лубеницата на кој 14 производители на лубеници ги изложија своите производи на фестивалот кој, според градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски, ќе станде традиција во општината.

 

 

Фестивал на лубеницата за прв пат се одржа во селото Љуботен во Општина Бутел. Овој фестивал кој е посветен и со кои се слават летните плодови, лубениците и дињите а кои се типични за Општина Бутел, поточно за селото Љуботен кое е познато по лубениците, го отвори градоначалникот на општината Велимир Смилевски кој истакна дека овој фестивал ќе стане традиција во Општина Бутел и секоја година ќе добива на квалитет.

 

Акцентот на фестивалот беше ставен на производителите на лубеници и дињи кои на фестивалот кој се одржа во дворот на ОУ ,,Лиман Каба,, ги изложија своите плодови, за што добија соодветни признанија и благодарници.


Покрај надалеку познатите лубеници и дињи, растени и одгледани на нивите во Љуботен и пошироко на територијата на Општина Бутел, присутните на фестивалот имаа можност да вкусат и повеќе специјалитети карактеристични за жителите на Љуботен. Покрај ова фестивалот беше збогатен и со богата културно уметничка програма.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.