Министерот за внатершни работи на средба со градоначалникот на Општина Бутел

Во рамки на посетите на полициските станици и локалните самоуправи, денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски оствари работна средба со градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски.

 


На средбата се разговараше за прашања поврзани со сообраќајот како и зачувување на јавниот ред и мир на подрачјето на Општина Бутел.

 


Полициската станица Чаир и општината Бутел се во постојана меѓусебна соработка која во иднина се повеќе ќе се развива, а со цел зголемување на безбедноста на граѓаните кои живеат во Општина Бутел.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.