Вработените во Општина Бутел ја исчистија општината

Вработените во Општина Бутел се приклучија во одбележувањето на Светскиот ден на глобалното чистење 15 септември.

 

 

Вработените во општинската администрација кои беа поделени во осум групи ја чистеа поблиската и пошироката околина на општинската зграда  поточно околу амбулантата, споменикот и паркот, паркинзите, пазарот, училиштето, градинките и трговскиот центар. За два часа колку што траеше акцијата беа наполнети повеќе десетици големи најлонски кеси со смет, кој беше расфрлен по тротоарите на улиците, паркинзите, јавните површини и во дворовите на јавните институции.

 

Како што изјави градоначалникот на Општина Бутел Велимир Смилевски вакви акции во иднина ќе се организираат почесто.

 

Акции за чистење се одржаа и во сите седум основни училишта на територијата на Општина Бутел за средување на нивните училишни дворови.  Оваа акција треба да ја подигне свеста кај граѓаните за правилно управување со отпадот како и да се развијат механизми за поддршка на граѓаните, општините и други засегнати групи за подобро и полесно да се справат со неорганизираното и незаконското фрлање на отпадот.

 

Во рамките на одбележувањето на Светскиот ден на чистење, кој ќе се одржи утре, милиони волонтери во мрежа од 150 земји ќе се обединат да го исчистат Светот во еден ден.

 

.be





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.