Почна есенското чистење во Бутел

Во Општина Бутел почна есенското чистење. Екипи на јавните градски претпријатија ,,Комунална хигиена,, и ,,Паркови и зеленило,, ја започнаа повеќедневната акција за чистење на улиците и тротоарите, косење на тревата на јавните површини, кастрење на сувите гранки од дрвјата, а на терен се излезени 45 работници.

 

Од паркови и зеленило беше донесена и огромна корпа за хортикултурно уредување на зеленилото кај кружниот тек. Заради топлото време ќе се почека со садењето на зимските цвеќиња на кои им се потребни пониски температури.

 

Како што истакна градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски акцијата ќе трае три дена а ќе се чистат булеварите како и помалите и поголемите општински улици, рачно и машински.

 

Градоначалникот Велимир Смилевски заедно со директорите на јавните претпријатие се договорија да се среди и просторот долж улицата ,,Цетинска,, кај старите напуштени отпади.

 

Инаку оваа акција досега беше спроведена во Општина Аеродром, Гази Баба и Ѓорче Петров, а понатаму ќе продолжи и во останатите скопски општини.

 

.be

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.