Се уредува нов парк во Бутел

Интензивно се работи на средување и чистење на целата територија на Бутел.

 

Изминатите денови се одржаа повеќе акции за чистење од страна на општинската администрација како и есенската акција со јавните претпријатија. Во рамките на овие акции Општина Бутел почна со средување на просторот помеѓу пазарот и маркетот ,,Рептил,,.

 

Станува збор за едно запуштено место или ничиј простор, од аспект на грижата за одржување на местото. Затоа превземена е акција од страна на вработените во Општина Бутел, да се стават рабници за симболично оградување на просторот од околу 170 м2. Како што информираше градоначалникот Велимир Смилевски внатрешниот дел во кој има неколку дрва, хортикултурно ќе се уреди, а ќе биде поставена и урбана опрема.

 

Градоначалникот Смилевски додаде дека е добро што има вакви денови кога не само што го чистиме и средуваме просторот околу нас, туку ја јакнеме и ја подигаме свеста на вработените и на граѓаните на Општина Бутел.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.