Ќе се асфалтираат краците на ул.3 во Визбегово

Се реконструираат улиците во Општина Бутел. Градоначалникот Велимир Смилевски при посетата на Визбегово ја посети улицата ,,3,, каде што деновиве треба да продолжи асфалтирањето на краците 1 и 2 со вкупна должина од 640 метри и широчина од 3,5метри.

 

При посетата на улицата градоначалникот Смилевски истакна дека претходно на оваа улица е завршена првата фаза за  реконструкција во која се превземени неколку градежни операции како комплетно ведење на долниот слој на улицата, тампонирање и нивелирање.

 

 

Откако ќе заврши асфалтирањето на краците 1 и 2 ќе биде асфалтиран и третиот крак на улицата ,,3,, во должина од 190 метри. Инаку средствата за асфалтирање на првите два крака на улицата ,,3,, се во висина околу 1,8 милиони денари и се обезбедени од буџетот на Општина Бутел.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.