Од утре ,,Европска недела на спортот'' во Општина Бутел

Утре, (вторник), 25.09.2018 г. во 16,30 часот во Општина Бутел, во спортската сала ,,Иван Хаџи Николов,, во Радишани, ќе биде отворена европската недела на спортот.

 

Градоначалникот Велимир Смилевски ќе присуствува на натпреварот во одбојка помеѓу две екипи од ОУ ,,Ацо Шопов,, со што ќе отпочнат активностите по пововод европската недела на спортот, информираат од Општина Бутел.

 

Европската недела на спортот ја реализира Агенцијата за млади и спорт  со поддршка од Европската Комисија.

 

Инаку, спортски натпревари ќе се одрржуваат секој ден до петок во екипните спортови одбојка и мал фудбал.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.