Европската недела на спортот отворена во Бутел

Во Општина Бутел беше отворена Европската недела на спортот,  во спортстаката сала  „Иван Хаџи Николов“ во Радишани.

 

Градоначалникот Велимир Смилевски ги поздрави учениците спортисти од двете одбојкарски екипи од ОУ „Ацо Шопов“ со што отпочнаа активностите по повод европската неделa на спортот.

 

Станува збор за заеднички проект на Агенцијата за млади и спорт и Општина Бутел со кој треба да се реализира, промовира, организира и воспостави мрежа на контакти за заеднички активности, кои ќе обезбедат ефикасно спроведување на зацртаните активности поврзани со проектот „Европска недела на спортот“, дефиниран од Еразмус + Програмата при Европската Комисија.

 

Александар Ангеловски од Агенцијата за млади и спорт, истакна дека неделата на спортот ќе трае до 30 септември а ќе биде одбележана во сите општини во Скопје како и во другите градови во Македонија.

 

Во текот на вчерашниот ден фудбалски натпревар се одржа и во ОУ „Св. Климент Охридски“. Спортските активности на двата пријателски натпревари се одржаа под мотото „За љубов кон играта“.

 

Во рамките на Европската недела на спортот ќе биде вклучена и градинката „11 Октомври“ преку темата „Зошто спортот е важен за мини спортистите?“  и ОУ „Живко Брајковски“ на темата „Дај се од себе“каде ќе се одржат два натпревари во мал фудбал и во машка и во женска конкуренцијa.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.