Во тек е реконструкција на улици во Бутел

Во Општина Бутел во тек е реконструкција на улицата Душко Поповиќ.

 

Според информациите од општината, во моментот се врши реконструкција и рехабилитација на улицата во должина од 400 метри.

 

За оваа реконструкција средствата се обезбедени од буџетот на Општина Бутел во висина од околу 681 илјада денари, а изведувач на работите е фирмата ГИВ Груп од Скопје.

 

Како што информираат од Бутел, покрај улицата Душко Поповиќ, наското ќе има реконструкција и на други улици низ општината во зависност од потребите на граѓаните на Општина Бутел.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.