Општина Бутел ќе соработува со општини од Србија

Во рамки на Проектот “Партнерство и изградба на капацитети, пат до одржлив развој” градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски учествуваше на форум за поврзување/вмрежување и конференција“Учиме од соседите” во Скопје.

 

Целта на собирот е вмрежување на локалната самоуправа на општини од Македонија и Србија со цел создавање партнерства за заеднички настап во програмата за прекугранична соработка Србија – Македонија чиј почеток се очекува до крајот на годинава.

 

На првиот ден беше претставен проектот и ИПА програмата за ,,Прекугранична соработка на Србија и Македонија 2016-2020. Исто така, беа претставени општините од Јабланичкиот и Пчињскиот округ од Србија  и Северозападниот и Скопскиот регион во Македонија.

 

Присутните градоначалници потпишаа и меморандум за соработка со кој треба да се унапреди соработката и вмрежувањето на градовите и општините од Србија и Македонија.

 

На меѓународната конференција беше претставена програмата ,,Учиме од соседите,, на која беа презентирани примери на добри практики од соседните програми: Србија-Бугарија, Македонија- Бугарија и Македонија – Грција.

 

.be





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.