Реконструирани јаслите во градинката Ташко Караџа во Радишани

Престојот на дечињата од најмалата група во градинката Ташко Караџа во општина Бутел, одсега ќе биде многу попријатен и побезбеден.

 

Имено, општина Бутел, изминатиов период работеше на реконструкција на делот за јасли при што беше комплетно реконструирана бетонската плоча. Станува збор за постар проблем поради кои се појавило тонење на плочата. Со реконструкцијата заменета е целата плоча на површина од 800 метри квадратни, со што престојот на децата и вработените станал значително побезбеден.

 

Покрај тоа комплетно е сменет и мебелот, со што дечињата добија нови креветчиња, тоалети и ПВЦ прозори.

 

Како што напомена и градоначалникот на општина Бутел, Велимир Смилевски, општината има подготвено проект со кој се очекува во текот на наредната година сите градинки во Бутел да бидат комплетно реконструирани и уредени. Исто така до завршување на градоначалничкиот мандат, предвидена е и изградба на нова детска градинка, потенцира Смилевски.

 

Пелените, влажните марамчиња и детската козметика за сите деца во градинката се донација од Алкалоид Скопје, позитивен пример кој општинарите очекуваа дека ќе го следат и останатите компании.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.