Денеска и утре ,,Есенски базар 2018 “ во Бутел

Пред споменикот на Никола Јонков Вапцаров, беше отворен вториот ,,Есенски базар 2018,, во Општина Бутел.

 

Есенскиот базар се одржува втора година по ред по повод 13 ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, во организација на Општина Бутел и Здружението,, Арти крафт,, од Скопје, а ќе биде отворен денеска и утре од 10 до 18 часот.

 

Пред споменикот на поетот и револуционер, Никола Јонков Вапцаров, градоначалникот Велимир Смилевски положи свежо цвеќе, а потоа ги поздрави учесниците и посетителите на есенскиот базар.

 

Градоначалникот Смилевски истакна дека убаво е чувството кога се негува традицијата и кога им се оддава признание на вештите раце на ракотворците кои изработуваат прекрасни ракотворби.

 

Свеченото отворање беше збогатено со настапот на учениците од ОУ ,,Ацо Шопов,, и играорците од КУД ,,Плетеница,, како и со настапапот на пеачката група на пензионерите од Општина Бутел.

 

На годинешниов есенски базар учествуваат повеќе од 20 ракотворци како од Македонија, така и од Србија, Турција, Босна и Херцеговина, Албанија и од Косово.

 

 

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.