Општина Бутел донираше прочистувачи за воздух за градинките

Групите на најмалите деца во градинките во општина Бутел денска добија прочистувачи за воздух.

 

Донацијата од 8 прочистувачи за јаслените групи ја предаде градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски, кој нагласи дека во тек е набавка и на останатите 30 прочистувачи, со кои ќе бидат опремени сите занимални во шесте објекти на ЈУ  Детска градинка „11 Октомври".

 

Директорката на градинката „11 Октомври“, Луција Кировска истакна дека обезбедувањето на прочистувачи на воздух, престојот на дечињата ќе им го направи поздрав и попријатен.

 

Покрај набавката на прочистувачите, во контекст на активностите за борба против загадувањето од следната недела, во дворовите на градинките ќе се организираат еколошки акции.

 

Останатите 30 прочистувачи се очекува да бидат набавени во јануари 2019 година.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.