Одбележани 109 години од раѓањето на Никола Јонков Вапцаров

Денеска во Општина Бутел се одржа манифестацијата ,,Чествување за Никола Јонков Вапцаров,, по повод 109 годишнината од неговото раѓање.

 

По тој повод пред споменикот на Вапцаров свежо цвеќе положија градоначалникот Велимир Смилевски и бројни делегации од основните училишта, здруженија на граѓани и почитувачи на ликот и делото на Никола Јонков Вапцаров.

 

Во поздравниот говор градоначалникот Смилевски истакна дека ликот и делото на Вапцаров треба да биде пример и поттик како за денешните така и за идните генерации.

 

Говореше за неговата трагична смрт и борбата за слобода. Се осврна и на неговото поетско творештво кое е со европски квалитет. Вонсерискиот талент на Никола Јонков Вапцаров, додаде Смилевски, едноставно блика од секој негов стих во стихозбирките: ,,Моторни песни,, и во посмртно издадената поетска збирка ,,Антологија,,.

 

Во чест на големиот поет Никола Јонков Вапцаров, учениците од основните училишта рецитираа негови поетски творби, а КУД ,,Никола Јонков Вапцаров,,, кое годинава одбележува 40 години од постоењето, ги исполни ората: ,,Тешкото,, и ,,Тресеница.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.