ОУ Лиман Каба во Бутел доби ново осветлување

Деновиве, Општина Бутел постави ново осветлување во дворот на ОУ ,,Лиман Каба,, во Љуботен.

 

Како што информираат од Општина Бутел, за целосно осветлување на дворот од сите четири страни поставени се десет електрични столбови на кои се инсталирани 14 натриумови светилки.

 

Од општината велат дека досега се осветлени останатите дворови на градинките и основните училишта на територијата на Општина Бутел.

 

Изведувач на работите е КОД Инженеринг Скопје а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Бутел.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.