Поделени 1.000 пакетчиња на првооделенците од општина Бутел

Со новогодишни пакетчиња, општина Бутел денеска ги израдува сите првооделенци кои посетуваат настава во седумте основни училишта на територија на општината.

 

Новогодишните пакетчиња им ги додели Дедо Мраз, во рамки на новогодишната приредба „Во светот на бајките“. Дечињата ги поздрави и градоначалникот на општина Бутел, Велимир Смилевски кој нагласи дека чувството кога знаеш дека си израдувал 1000 дечиња е бесценето.

 

Подарување пакетчиња на првооделенци е долгогодишна традиција во општина Бутел, која ја прифати и новото раководство на општината, и и даде континуитет и уште поголема масовност.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.