Богата програма и на вториот ден од Новогодишниот хепенинг во Општина Бутел

Во Општина Бутел и денеска се одржува големиот Новогодишен хепенинг со богата програма која треа речиси цел ден.

 

Во новогодишната програма со наслов: ,,Општина Бутел во новогодишно руво блесна, насекаде се слуша смеа и песна,, учествуваат голем број изведувачи, настапуваа и најмладите од основните и средните училишта во општината, како и  повеќе културно уметнички друштва: ,,Никола Јонков Вапцаров,, КУД ,,Митеви,, ,,Плетеница,, КУД ,,Илирида,, босанската фолклорна група ,,Диван Хана,, и др.

 

За хуморот и смеата е задолжен познатиот Војче Китановски, а дел од хепенингот беа многу жонглери, магионичари и др. Граѓаните се задоволни од организацијата и сметаат дека секога година треба да има ваков хепенинг.

 

Денешниот ден  од хепенингот беше збогатен и со доаѓањето на Дедо Мраз а беа извлечени и добитниците на новогодишната лотарија. Познати пејачи од нашата естрада како, Виолета Томовска, Ефто Пупиновски, Ани Малинкова, Боби Спасенцовски, Адријан Гаџа, Виданка Георгиева и др. и денеска се задолжени да ги забавуваат граѓаните во Општина Бутел.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.