Почна реконструкцијата на стар Качанички пат во Визбегово
- Детали
- Категорија: Бутел
- Создадено: 08 Јануари 2019
Општина Бутел информира дека почна реконструкцијата на стар Качанички пат во Визбегово. Се работи за дел од патот што води крај бензиската пумпа, во должина од 230 метри и ширина од седум метри.
Градоначалникот на Бутел Велимир Смилевски денеска бил на терен и извршил увид во градежните зафати на улицата.
На реконструираниот стар Качанички пат ќе бидат поставени тротоари и канделабри долж улицата со што ќе се подобри сообраќајот и безбедноста на пешаците во овој дел од Визбегово.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс