Се реконструира дел од Качанички пат во Бутел

Општина Бутел ја започна реконструкцијата на дел од Качанички пат.

 

Според градоначалникот на општината Велимир Смилевски се реконструира најоштетениот дел од околу 230 м. и широчина од 7 м. во близина на бензиската пумпа на Макпетрол. Градоначалникот Смилевски додаде дека средствата за оваа реконструкција се во висина од 3 291 000 ден. обезбедени од буџетот на Општина Бутел.

 

Смилевски истакна дека во овој фрекфентен дел во индустриската зона во Визбегово ќе бидат изградени и тротоари, а ќе бидат поставени и 20 канделабри со 20 штедливи, натриумови светилки. Градежните работи ги изведува ,,Филип Инженеринг,, од Скопје.

 

 

 

.be





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.