Нови пешачки патеки во Општина Бутел

Деновиве во Општина Бутел заврши изградбата на неколку пешачки патеки.

 

Нова пешачка патека доби ОУ ,,Св. Климент Охридски,, во Бутел 1. Како што информираше градоначалникот на Општина Буте, Велимир Смилевски, долго време од аголот на оградата на училишниот двор на улицата ,,Призренска,, учениците минуваа дијагонално преку средишниот дел на паркот во училишниот двор. Така го кратеа патот до главниот влез на училиштето избегнувајќи ја подалеку поставената главна капија. Пешачката патеката е долга 105 м. и изградена е од бекатон плочки.

 

Градоначалникот Смилевски додаде дека направена е уште една нова пешачка патека во населенето место Голем Рид. Всушност, станува збор за патека долга 200 м. од бекатон плочки, што ова населено место го поврзува со третиот влез на населбата Радишани.

 

За изградбата на оваа пешачка патека средствата се обезбедени од буџетот на Општина Бутел во висина од 419,000 ден.

 

.be

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.