Денови на екологија – онлајн со природата во Општина Бутел

Утре пред споменикот на Никола Јонков Вапцаров  во паркот пред Општина Бутел, со почеток во 11,00 ч. ќе почне одбележувањето на Денот на екологијата.

 

Манифестацијата ќе ја отворат градоначалникот Велимир Смилевски и Заменик министерот за екологија Јани Макрадули.

 

Како што информираат од Општина Бутел, оваа година општината заедно со основните училишта и градинките ќе организираат повеќе активности кои ќе траат од утре се до 30 март, кога ќе биде одржана завршната манифестација: ,,Вози велосипед за почист Свет,,.

 

Од општината додаваат дека сите одбележувања ќе траат од 11,00 – 13,30 ч. и покрај учениците и дечињата од градинките учество ќе земат и родителите, односно граѓаните на Општина Бутел, а ќе бидат обезбедени и соодветни експери за конкретните теми што ќе се обработуваат. На крајот ќе бидат наградени трите најуспешни тимови, најдобриот ,,еко стрип,, ќе се доделат пофалници,  благодарници и планинарски ранци, информираат од Бутел.

 

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.