Со пароли, учениците од „ОУ Ацо Шопов“ ги одбележаа Деновите на екологијата во о. Бутел

Во општина Бутел во тек е одбележувањето на деновите на екологијата.

 

Со садење цвеќиња, пишување пароли на тема екологија и рециклирање, но и со дебати на учениците од ОУ „Ацо Шопов“ од Радишани со градоначалникот Велимир Смилевски, и професор од Институтот за храна при Земјоделскиот факултет беше привлечено и задржано вниманието на голем број ученици вклучени во проектот.

 

Како што истакна координаторката на овој проект, Весна Стојановска, еко манифестацијата се одвива под мотото делувај сега, за во иднина.

 

Градоначалникот Смилевски информираше дека овој проект ќе продолжи и во наредните денови, а планирано е да бидат опфатени сите основни училишта и градинки, како и средното училиште од општина Бутел.

 

Еколошкиот хепенинг се одржува за прв пат, но според организаторите, има тенденција да прерасне во традиционална манифестација.

 

.be





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.