Смилевски: Граѓанските здруженија се важна алка за зачувување на животната средина

Во Општина Бутел денеска се одржа петтиот ден од одбележувањето на Денот на екологијата.

 

Учениците од повеќе училишта во паркот пред општината, одбележувањето го почнаа со културно уметничка програма на која настапија ученици од основните училишта во општината и детската грдинка ,,11 Октомври”. Денешната тема на учениците беа граѓанските еколошки здруженија на територијата на Општина Бутел, со наслов: Глобално граѓанско движење.

                          

Учесници беа граѓанските еколошки здруженија ,,Еко Логик,, Здружение за одржлив развој и заштита на животната средина ,,Гоу Грин,, Сунелиус и Здружението за екологија  ,,Це Про Сард”. На денешното одбележување градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски истакна дека граѓанските здруженија се важна алка во севкупното делување на институциите за зачувување на животната средина. Тие се мотиватори, иницијатори, организатори, критичари и чувари на зелената и чистата околина во која живееме и функционираме.

 

Градоначалникот Смилевски додаде дека до завршување на целата манифестацијата остануваат уште четири манифестации пред финалната во сабота. За време на одбележувањата  учествуваат учениците и дечињата од градинките, учество ќе земат и родителите, односно граѓаните на Општина Бутел, а ќе бидат обезбедени и соодветни експери за конкретните теми што ќе се обработуваат.

 

На крајот ќе бидат наградени трите најуспешни тимови, најдобриот ,,еко стрип,, ќе се доделат пофалници,  благодарници и планинарски ранци.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.