Во Бутел пристигна метларката за чистење на сервисните улици

За одржување на хигиената на улиците, Општина Бутел набави машина за чистење на улиците, наречена метларка.

 

Метларката која ќе се користи за чистење на сервисните улици во Општината, поседува три четки од кои две во средината и една странична, како и четка за усисување, сад за отпад, филтер за прашина, вакум вентилатор и резервоар за вода.

 

Како што информираше градоначалникот на Бутел, Велимир Смилевски максималната ширина на чистење изнесува 1700мм со две четки, односно 1900мм со три четки. Капацитетот на садот за отпад изнесува минимум 520 литри.

 

Градоначалникот Смилевски додаде дека средствата за набавка на оваа метларка во висина од 3,5 милиони денари  се обезбедени од буџетот на Општина Бутел.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.