Граѓаните се жалат на неискосени треви, општините тврдат дека редовно ги одржуваат јавните површини

Секојдневните врнежи од дожд го забрзаа растот и ширењето на дивите треви насекаде во Скопје.

 

Екипите на јавното претпријатие Паркови и зеленило, задолжени за одржување на зеленилото во градот, како и општинските комунални претпријатија, според зборовите на граѓаните доцнат со косењето на тревата, која станува дури и опасна за минувачите. Имено, Светле Силјановска, наша редовна гледачка од општина Бутел, револтирана од ненавременото косење на тревата, се обрати до нашата редакција, со надеж дека ќе ги поттикнеме локалните власти и комуналните претпријатија одговорно да ги извршуваат обврските кон граѓаните.

 

Таа во писмо до Прва скопска вели: Пред некој ден излезе смок од тревата, ние сами искосивме кај нашиот дел, но тоа не е решение. За проблемот поразговаравме и со првиот човек на општина Бутел, Веле Смилевски, кој одговорно тврди дека екипите на општината редовно работат на одржување на јавните површини, за кои имаат надлежнот.

Тој одговорност побара од ЈП Паркови и зеленило.

 

За одговор се обративме и до ЈП Паркови и зеленило, од каде што не информираа дека претпријатието е одговорно за одржување на зеленилото кое е под ингеренција на Град Скопје, односно за одржување на зеленилото во градските паркови и по магистралните улици и булеварите.

За зеленилото во блоковите и внатре во населбите одговорни се општините, велат од претпријатието.

 

На сличен проблем се пожали и гледач од општина Кисела Вода, кој како што вели, општинските власти значително доцнат со косење на диво нараснатите треви во близина на станбените објекти. За став, поврзан со овој проблем одговор побаравме од локалната самоуправа од каде што велат дека општината преку секторот за месни заедници редовно и секојдневно врши одржување на тревните површини.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.