Во Општина Бутел презентирани резултатите од проектот: ,,Јакнење на мултиетничката соработка во општините,,

Завршна презентација на проектот: ,,Јакнење на мултиетничката соработка во општините,, се одржа денеска во паркот пред Општина Бутел.

 

Во оваа завршна годишна активност учествуваа стотина ученици од трите основни училишта од Општина Бутел: Живко Брајковски, Панајот Гиновски и Петар Здравковски Пенко.  Во проектот Општина Бутел учествува седма година по ред. Градоначалникот Велимир Смилевски кој ги поздрави учесниците во проектот додаде дека вакви проекти и се потребни на општината која е мултиетничка средина за подобро поврзување на учениците и граѓаните.

 

Секциите од трите училишта ги презентираа резултатите од сработеното во текот на изминатата учебна година. Секцијата од ОУ Живко Брајковски ја презентираше макетата на аларм-детектор, учениците од ОУ Панајот Гиновски го презентираа својот робот, макетата на град со спроведена електрична енергија, како и макетата на Сончевиот систем. Учениците од ОУ Петар Здравковски Пенко ги презентираа активностите што во изминатиот период ги реализирале во пензионерскиот дом ,,Лика Чопова,, во Чаир, како дел од училишната хуманитарна секција.

 

Проектот има за цел преку спроведување на повеќе од 200 наставни и воннаставни активности со над 3.000 ученици од различни етнички заедници  да придонесе за зајакнувањето на мултиетничката соработка и толеранција во општините.

 

 На оваа завршна манифестација беше промовирана и поделена специјалната брошура за проектот преку кој се јакне мултиетничката соработка во Општина Бутел.

 

Проектот за јакнење на мултиетничката соработка е поддржан од ,,Детската фондација Песталоци,, од Швајцарија, а е имплементиран од МЦГО, Македонскиот центар за граѓанско образование.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.