Во Општина Бутел расчистена депонијата во поранешната градинка

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, спроведоа акција за генерално чистење на скопската општина Бутел, каде што беше извршено рачно и машинско метење и миење како на главните така и на општинските улици.

 

Како што информираат од претпријатието во рамките на акцијата беа подигнати и транспортирани приближно 80 кубни метри отпад од две диви депонии лоцирани во оваа скопска општина. Едната депонија се наоѓаше во објектот на поранешната градинка на улицата Натанаил Кучевишки, од каде што беа отстранети околу 60 кубни метри мешан комунален и кабаст отпад.

 

Во текот на денот беше расчистена уште една дива депонија лоцирана на улицата Бетовенова, каде што беа подигнати приближно 20 кубни метри кабаст и градежен отпад. Во пресрет на големиот верски празник Рамазан Бајрам, ЈП „Комунална хигиена“-Скопје спроведе и рачно миење на поголемите исламски верски објекти во оваа скопска општина.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.