Утре почнува деветтата ликовна колонија ,,Љубанци 2019”

Утре во Љубанци ќе започне со работа ликовната колонија ,,Љубанци 2019,,. На годинешната деветта ликовна колонија ќе учествуваат дваесетина ликовни творци од земјава и од странство. Од домашните ликовни уметници учество ќе земат : Данчо Ордев, Илија Богоевски, Владимир Лазоски, Ристо Андреев, Боро Арсовски, Ели Чочова, Мирослав Славковиќ, Харалампие Манчев, Станко Ѓорѓиев и др.

 

И на годинешнава ликовна колонија ,,Љубанци 2019,, ќе учествуваат автори од Република Србија: Владан Ранѓеловиќ и Вукашин Станковиќ.

 

Како што соопштија од Општина Бутел граѓаните ќе можат поодблиску да се запознаат со ликовниот уметник од Ниш, Владан Ранѓеловиќ, бидејќи од понеделник во просториите на општината ќе бидат изложени 20 негови слики. Инаку, тој веќе неколку години учествува на ликовната колонија во Љубанци.

 

За една недела, колку што ќе работи колонијата, ќе бидат создадни околу триесетина уметнички слики, главно со мотиви од старата љубанска архитектура и убавините на Скопска Црна Гора. И годинава, неколку уметници ќе работат скулптури во дрво и мермер.

 

Исто така, на 18 во вторник ќе се одржи и традиционалниот детски ликовен ден, кога дваесеттина најталентирани ученици од основните училишта во Општина Бутел, ќе се дружат и заедно ќе творат со познатите уметници и ликовни педагози. Организатор на ликовната колонија е Општина Бутел во соработка со Здружението на ликовни педагози - Скопје. Средствата се обезбедени од буџетот на Општина Бутел. Ликовната колонија ќе работи до 21 јуни.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.