Изложба на Владан Ранѓеловиќ во Бутел
- Детали
- Категорија: Бутел
- Создадено: 17 Јуни 2019
Во холот на Општина Бутел изложени се 20 слики од циклусот Црвена игра на ликовниот уметник од Ниш, Владан Ранѓеловиќ.
Изложбата денеска ја отвори градоначалникот Велимир Смилевски, а Владан Ранѓеловиќ е повеќегодишен учесник на ликовната колонија во Љубанци со што со право може да се нарече доајен на колонијата.
Владан Ранѓеловиќ досега има одржано над 35 самостојни изложби во Србија и Европа, а има учествувано и во над 150 групни изложби. Тој вели дека има учествувано повеќе пати на ликовната изложба во Љубанци и задоволен е од целата организација и местоположбата каде се одржува оваа ликовна колонија.
Инаку, Владан Ранѓеловиќ покрај тоа што е познат и афирмиран ликовен уметник во Р. Србија, тој е и професор на Факултетот за ликовни уметности во Ниш, а неговата самостојна изложба во Општина Бутел ќе биде отворена до 26 јуни.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс