Младите уметници дел од ликовната колонија ,,Љубанци 2019”

Најталентираните ученици од основните училишта во општина Бутел денеска беа дел од детскиот ликовен ден што се одржува во рамки на ликовната колонија „Љубанци 2019“.

 

 Учениците, покрај тоа што имаа можност да го покажат својот сликарски талент, исто така се дружеа и твореа заедно со познатите уметници и ликовни педагози учесници, од Македонија и странство на годинашната ликовна колонија „Љубанци 2019“.

 

Градоначалникот на Општина Бутел, кој е и покровител и организатор на ликовната колонија истакна дека е горд што еден ваков традиционален настан повеќе години опстојува во општината.

 

Како што истакна директорката на училиштето ,,Гоце Делчев” од Љубанци, оваа ликовна колонија се одржува деветта година по ред, а младите ликовни уметници секоја година го посетуваат училиштето, па затоа станува препознатливо.

 

Ликовниот уметник Владимир Лазов вели дека белегот на оваа манифестација го даваат пред се ликовните уметници кои доаѓаат од неколку соседни држави, како и амбиентот и гостопримството на домаќините. Ви ликовните дела на овој уметник најмногу е застапен човекот, како што вели тој, човекот најмногу го инспирира во цртањето.

 

На ликовната колонија во Љубанци  имавме можност да забележиме импресивни цртежи насликани од младите уметници.

 

Ликовните уметници ќе ги одберат трите најубави детски цртежи кои ќе имаат привилегија да бидат претставени и наградени на ликовната изложба на делата создадени на годинашнава ликовна колонија „Љубанци 2019“.

 

 

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.