Општина Бутел ќе додели 3,5 милиони денари на ракометниот клуб Бутел

Советот на Општина Бутел усвои предлог одлука со која на ракометниот клуб Бутел, општината ќе му додели парична помош во износ од 3,5 милиони денари.

 

 

Помошта е заради тоа што клубот од неодамна е дел од европската ракометна лига, а средствата ќе овозможат подобро претставување на клубот надвор на границите на нашата земја, но и пред клубовите кои ќе гостуваат во општината, изјави градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски, откако советниците ја изгласаа одлуката.

 

На денешната дваесетиседма седница на советот беше усвоена точката за измени на буџетот на општината.

 

Исто така, советниците позитивно се изјаснија за предвидените точки од дневниот ред, кои се однесуваа на одлуки, заклучоци и предлози за сите основни училишта во општината.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.