Детска олимпијада - 300 победници во Општина Бутел

 

 

Како домаќин на годинашнава манифестација беше градинката „11 Октомври" од Општина Бутел. Со оваа манифестација се одбележаа и Детската недела и патрониот празник на градинката.

 

На манифестацијата се натпреваруваа 300 дечиња од девет скопски општи: Бутел, Гази Баба, Шуто Оризари, Чаир, Аеродром, Центар, Кисела Вода, Ѓорче Петров и Карпош. Децата се натпреваруваа во повеќе екипни спортски игри, а за најдобрите беа доделени и златни медали.

 

Учесниците и присутните ги поздрави градоначалникот на Општина Бутел Велимир Смилевски, кој истакна дека оваа манифестација е од огромно значење за развивање на спортскиот дух кај младите и за заедничко другарување.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.