Есенска дератизација во Општина Бутел
- Детали
- Категорија: Бутел
- Создадено: 15 Октомври 2019
Денесека во Општина Бутел започна есенската дератизација на целата нејзина територија.
Всушност, ќе бидат дератизирани 1 200 шахти со по два мамци.
Во текот на денешниот ден се изврши дератизација во населените места: Љубанци, населбата и селото Радишани. Во текот на утрешниот ден ќе бидат опфатени населбите: Расадник, Бутел 1 и 2, Скопје север и Визбегово.
Правецот на дератизација е од север кон југ заради поголема ефикасност во уништувањето на глодарите.
Дератизацијата ја извршува Центарот за јавно здравје, Скопје, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Бутел.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс