Започна манифестацијата “Есенски базар” во Општина Бутел (ВИДЕО)

Денеска во Oпштина Бутел започна манифестацијата “Есенски базар” во организација на Здружението на уметници ракотворци - АРТИ-КРАФТ од Скопје.

 

Општина Бутел се јавува како покровител и дава институционална и финансиска поддршка на културниот проект кој ги негува фолклорот, обичаите, старите занаети, а помага и во организацијата.

 

Учесници-изложувачи покрај од Македонија има и од соседството и тоа од Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, Бугарија, Турција, Хрватска, БиХ.

 

Посетителите и во текот на утрешниот ден може да купат најразлични рачно изработени дела како накит, облека, сувенири и сл.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.