Донација од турска компанија во градинката „11 Октомври“ во Општина Бутел (ВИДЕО)

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и градоначалникот на Општина Бутел Велимир Смилевски денеска ја посетија градинката „11 Октомври“ во Општина Бутел каде што со донација се опремија катчиња во занималните по најсовремени стандарди.

 

„Грижата за децата и инвестирањето во раниот детски развој е приоритет на Владата, но и на локалните самоуправи. Навистина ми е драго што Општина Бутел обезбеди партнер за подобрување на условите кадешто престојуваат дечињата. Министертвото за труд и социјална политика продолжува посветено да инвестира во детската заштита, а со тоа вложува во иднината на секое дете и на нашата држава. За идната година во Буџетот издвоивме 105 милиони денари за реконстрикција, опремување и изградба на детски градинки, а изминатите две и пол години како Влада инвестиравме над 180 милиони денари во вкупно 43 градинки“, рече Царовска.

 

 

Министерката Царовска истакна дека Министерството за труд и социјална политика освен што инвестира во објекти за детска заштита го јакне и кадарот во градинките, но и го враќа достоинството на професијата воспитувачи. Со последното зголемување, платите во детската заштита се зголемени за 21%, односно во просек за 5.700 денари плус на нето плата за воспитувачите. 

 

Градоначалникот на Општина Бутел Велимир Смилевски рече дека донацијата е обезбедена преку компанија од Турција и со неа се опремени по сите стандарди, катчињата во занималната за деца во Бутел 1.

 

“Со оваа донација се овозможи најсовремен начин на работа за деца од предучилишна возраст и значајно е што опремата е изработена од безбеден природен материјал – дрво и нетоксични бои. Во иднина планираме да поставиме ваква опрема во сите детски градинки- клонови на територија на Општина Бутел, со што ќе биде првата Општина што ќе ги обезбеди овие современи услови за сите дечиња од предучилишна возраст. Реализираните капитални инвестиции во реконструкции и санации во сите детските градинки за изминативе 2 години се со износ од 16.200.000,00 денари“, рече Смилевски.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.