Со промена на прозорци и врати во градинките, Бутел се бори против аерозагадувањето

Проект за промена на внатрешни и надворешни прозорци и врати во градинките и проект за зелени површини се двете мерки кои општина Бутел ги промовираше како дел од борбата против аерозагадувањето.

 

За првиот проект општината аплицирала на јавен повик од Владата и за истиот се одобрени средства во износ од 1.154.094 денари. По однос за зелени површини, Владата одобрила сума од 1.433.844 денари.

 

Мерките ги промовираа градоначалникот на Бутел, Велимир Смилевски и заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули.

 

„Набавена е опрема односно во фаза на извршување е промена на внатрешни и надворешни прозорци и врати во градинките Бутел 1 и Бутел 2. Детската градинка 11 Октомври-Бутел 1 ја користат 229 деца и 17 вработени кои се директни корисници на оваа мерка за аерозагадување. Детската градинка 11 Октомври - Бутел 2 ја користат 140 деца и 13 вработени кои деректно ја користат мерката за аерозагадување и енергетска ефикасност“, објасни градоначалникот.

Во однос на зелените површини кажа дека во ОУ „Живко Брајковски” уредена е дворната површина со засадување на дрвја со брзорастечки карактеристики како и зелен ѕид за да се создаде поголема зелена маса.

 

„Вкупната зелена површина во училиштето изнесува 5.324 квадратни метри и бидејќи е лоцирано во урбана средина со голем број на живеалишта и голем недостаток на зелени површини хортикултурното уредување на зелена површина ќе ги поттикне учениците и жителите од населбта за поголема грижа и заштита на зеленилото“, беше посочено на промоцијата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.