Новогодишна приредба и пакетчиња за првачиња во Општина Бутел (ВИДЕО)

 

Денеска по повод новогодишните и божиќните празници, Општина Бутел во спортската сала ,,Антон Димитров,, организираше новогодишната приредба за учениците од основните училишта.

 

Во рамките на приредбата беше изведена детската претстава: ,,Двете црвенкапи и волкот,,. На радост на децата пристигна и Дедо Мраз со полни торби подароци.

 

Градоначалникот Велимир Смилевски ги поздрави присутните, им посака многу здравје, радост и среќа во новата 2020 година, а на првоодделенците од сите седум основни училишта им подели 600 новогодишни пакетчиња.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.