Новогодишна хуманитарна манифестација во Општина Бутел (ВИДЕО)

По повод новогодишните и божиќните празници, Општина Бутел денеска оргнизираше новогодишен хуманитарен базар.

 

На базарот учествуваа учениците од сите седум општински училишта, како и децата од градинката „11 Октомври“.

 

Собраните средства од продажбата на нивните новогодишни производи беа наменети за 21 годишно момче Филип кое боледува од инфантилна церебрална парализа.

 

На настанот учество зема и градоначалникот Велимир Смилевски и ги посети сите штандови со производи подготвени од вредните и хумани дечиња.

 

Во своето обраќање тој истакна дека Општина Бутел ќе продолжи со ваквите настани кои ќе бидат поддршка на сите на кои им е потребна помош.

 

На крајот тој се заблагодари на сите учесници на настанот, родителите, учениците, а посебна благодарност истакна до лицата од Заводот за рехабилитација.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.