Во Бутел на дежурниот телефон пријавени штети од невремето

Општина Бутел минатиот четврток го отвори дежурниот телефон: 075/249-314 на кој граѓаните можат да пријавуваат најразлични комунални проблеми, а од денеска се пријавуваат и штети од синоќешното невреме.

 Во изминатите денови добиени се 4 ( четири ) поплаки од граѓани: Неконтролирано фрлање на смет во доловите кај селата Љуботен и Љубанци, особено кај викенд населбата. Повик за отстранување на смет кај ГТЦ ,,Треска,, во Скопје Север. Поплака за кучиња скитници во дворот на ОУ ,,Климент Охридски,, и Пријава за огон на отворен простор кон Смилковското езеро.

 За сите овие повици направен е увид на лице место од страна на вработените од Одделението за комунални дејности, животна средина и ЛЕР при Општина Бутел.

 Од синоќешното невреме најпогодени беа брезите. Од силината на ветерот скршени се 4 брези на различни локации. Една е во училишниот двор на ОУ ,,Живко Брајковски,, втората е на ул. ,,Натанаил Кучевишки,, третата е на ул. ,,Лазо Москов,, каде што брезата оштетила и едно возило, а четвртата скршена бреза е на ул. ,,Боро Менков.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.