Јавен повик на Општина Бутел за Ликовната колонија – ,,Љубанци” 2020

Јавен повик за искажување на интерес и прибирање на барања за користење на средства наменети за финансирање и организирање на манифестација Ликовна колонија – ,,Љубанци” 2020 година, објави Општина Бутел.

 

Распределба на средствата наменети за организација на манифестацијата Ликовна колонија – ,,Љубанци” 2020 година се планирани во Буџетот на Општина Бутел за 2020 година, во програмата за културни манифестации и творештво.

 

За организација на манифестацијата вкупно се предвидени 150.000,00 денари. 

 

Манифестацијата Ликовна колонија –,,Љубанци” 2020 година ќе се одржи во период од 24-31 aвгуст 2020 година, во с.Љубанци. 

 

Јавниот повик за избор трае до недела 28.06.2020 година, по кој период Комисијата за избор ќе го извести избраното Здружение.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.