Комунална инфраструктура за Индустриската зона „Визбегово“ во Општина Бутел

За потребите на Индустриската зона „Визбегово“ во Општина Бутел се поставува водоводна и канализациона мрежа, информираат од општината.

 

Овој голем проект е помогнат од централната власт и се работеше во две фази. Првата фаза беше изградбата на водоводна мрежа со солжина од 7,3 км, а во завршна фаза се градежните работи за изградба на канализационата мрежа.

 

Со ова не само што ќе овозможиме повеќе услови за работа на постоечките компании, туку и ќе создадеме услови да привлечеме што повеќе домашни и странски инвестиции во Општина Бутел, изјави градоначалникот Смилевски.

 

Во зоната, во континуитет се работи на серија активности за изградба и реконструкција на локални улици предвидени во програмата за активности на Општина Бутел. Станува збор за изградба и реконструкција на 20-ина локални улици со површина од 6.000 м2. На дел од овие локални улици изградени се тротоари и поставени се канделабри. Реконструиран е дел од стариот Качанички пат во Визбегово со површина од 2.000 м2. Во тек е изградба на улица која води до новопроектираното училиште во Визбегово каде што веќе е поставена канализација и водовод.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.