Педесет сертификати од градоначалникот и многу емоции од наставниците (ВИДЕО)

Денеска градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски им додели сертификати и пригодни подароци на наставниците, кои дадоа особен придонес во реализацијата на учењето од далечина.

 

Сертификати им беа доделени на 50 наставници од сите седум основни училишта во Општина Бутел, за подготовка и учество во телевизиските образовни емисии во рамките на ,,ТВ училница,, што одеа во живо на Македонската телевизија, и за наставниците кои учествуваа во подготовката на Националната веб-платформа ЕДУИНО.

 

На свеченоста, што по овој повод се одржа во дворот на ОУ ,,Живко Брајковски,, градоначалникот Смилевски им изрази голема благодарност на наставниците од сите седум основни училишта за пожртвуваноста и деноноќниот напор да се премостат проблемите во наставата и да се анулираат тешкотиите што ги направи коронавирусот во образовниот процес. Тој додаде дека сертификатите и пригодните подароци се стимул за поуспешно справување со предизвиците во новата учебна година која уште на стартот носи голема неизвесност.

 

Од името на наставниот кадар се заблагодари Љубица Атанасовска, наставничка по македонски јазик во ОУ ,,Живко Брајковски,, која со многу емоции раскажа како се чувствувале учителите по пустошот во училиштата што ненадејно го донесе пандемијата на вирусот ковид 19. 

Таа му се заблагодари на градоначалникот Смилевски и додаде дека овие сертификати и признанија се како мелем, како стимул и ветер во грбот на наставниците за поорганизирано, похрабро и поквалитетно да стартуваат во новата учебна година.

 

.be





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.