Во Општина Бутел со велосипеди на Денот без автомобили (ВИДЕО)

Во Општина Бутел се оддржа велосипедска тура по повод Светскиот ден без автомобили.

 

Во рамките на оваа спортска манифестација учество земаа стотина ученици од основните училишта, како и нивните наставници и граѓани од Општина Бутел.

 

Велосипедистите се движеа по велосипедската патека на новата делница на булеварот Христијан Тодоровски Карпош кон Скопската обиколница и во обратен правец.

 

Градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски ја поздрави акцијата и мотивот на најмладите да се приклучат кон обележување на спортскиот настан, а до возрасните упати апел автомобилите одговорно да ги користат.

 

.be

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.