Увид на градежните активности од втората фаза од реконструкцијата на патот Бутел – с. Љуботен

Со реконструкцијата и проширување на патот Бутел – с. Љуботен ќе се олесни движењето на  жителите на с. Љуботен, с. Љуботенски пат, с.  Љубанци, како и на останатите населени места во областа. 

 

 

Увид во градежните работи денеска извршија премиерот Заев и градоначалникот Смилевски.

 

 

Во регионот гравитира население кое се бави со земјоделство. Овој пат ќе им обезбеди побезбеден транспорт со механизација и побрз пласман на производит, велат од општината.

 

 

Во Општина Бутел, интензивно се работи  на локалната инфраструктура. Во изминатиов период се пушти модерниот булевар Христијан Тодоровски Карпош, реконструирана е ул. “Александар Урдаревски” од кружен тек со ул.”Боца Иванова” до ул.”Бутелска”.

 

 

Во завршна  фаза е и новопроектираниот булевар Босна и Херцеговина, кој ќе го поврзе булеварот Христијан Тодоровски Карпош со булеварот Словенија.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.