Крводарителска акција во Општина Бутел според протоколите за заштита

Општина Бутел во соработка со Институтот за трансфузиологија денеска во просториите на општината организира крводарителска акција.

 

Во крводарителската акција учествуваат вработените во Општина Бутел, во градинките и основните училишта, како и бизнис заедницата од индустриската зона Визбегово.

 

Акцијата има отворен карактер па така во интерес на нејзината успешност, општината ги повика локалните жители, но и сите граѓани кои сакаат да бидат хумани да даруваат крв.

 

Имајќи ја во предвид ситуацијата со коронавирусот, акцијата се одржува по сите пропишани протоколи за заштита од КОВИД-19, информираат од општината.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.