Да се намали детската сиромаштија, приоритет во Општина Бутел

На Меѓународниот ден за заштита на детето, градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски ги потврди заложбите дека грижата за секое дете е важно за општината и за нејзиниот развој, бидејќи иднината е во младите генерации.

 

Тој истакна дека Општина Бутел продолжува посветено да работи на намалување на детската сиромаштија, обезбедување еднакви шанси за секое дете и подобри услови за живот,  образование и ран детски развој.  

 

Децата се нашата иднина, нашиот непроценлив човечки капитал. Како одговорна општина која што во секое дете гледа потенцијал продолжуваме посветено да инвестираме и да се грижиме за најмладите, додаде Смилевски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.