По повод роденденот на Пипи награди за најдобрите ученици од шведската амбасадорка

Во соработка со Шведска Амбасада по повод 75- та прослава на роденденот на Пипи долгиот чорап, во аулата на ООУ„Живко Брајковски“ во Бутел е поставeнa изложба со изработки од учениците, информираат од општината.

Инспирирани од книгата и изложбата, учениците изработија 130 цртежи на тема Пипи. Од најдобрите 10 цртежи се изработени постери, а првите три се наградени од страна на шведската амбасада. По тој повод на свечениот настан наградите на учениците им ги подели шведската амбасадорка Кристин Форшгрен Бенгтсон, а сите учесници добија сертификати.   Поддршка за целиот настан даде и градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.